Босанските Хрвати против изборот на Комшиќ

Босански Хрвати протестираат против изборот на Жељко Комшиќ за хрватски член во Претседателството на БиХ

Неколку илјади Босански Хрвати протестираа против изборот на умерениот политичар Жељко Комшиќ за хрватски член во Претседателството на Босна и Херцеговина. Насобраните маршираа низ етнички поделениот Мостар и палеа свеќи пред канцеларијата на хрватскиот член на колективното Претседателство. Во ова Претседателство има по еден претставник на бошњачката, на хрватската и на српската националност. Комшиќ е за зацврстување на единството на БиХ, додека неговиот претходник Драган Човиќ се залага Хрватите да бидат трет ентитет во земјата.