Војници на АРМ стрелале во воздух да спречат нелегално минување на мигранти

Илустративан фотографија.

Војници на АРМ со неколку истрели во воздух спречиле група мигранти нелегално да влезат во територијата на Македонија, информираат од АРМ, наведувајќи дека еден од мигрантите е уапсен од МВР и предаден на органите за натамошна постапка.

Од Армијата наведуваат дека при редовно патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија – село Моин, во реонот на живинарската фарма, од страна на патролата на АРМ е забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.

„Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух, по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка„, изјавија од АРМ.

Од македонската армија уверуваат дека АРМ со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвена за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.