Силна експлозија ја погоди рафинеријата во северна БиХ која е во руска сопственост, при што загина еден работник и еден е повреден, соопшти полицијата.
Во претходните извештаи се велеше дека осум луѓе биле повредени во експлозијата на 9 октомври во фабриката за преработка на нафта во Босански Брод, во близина на хрватската граница.
Експлозијата го погодила објектот околу 9:30 часот по локално време, предизвикувајќи голем оган кој денеска го изгаснаа пожарникарите.
Властите соопштија дека се уште ги истражуваат причините за експлозијата.
На неколку куќи лоцирани околу рафинеријата им биле скршени прозорците од експлозијата, која се слушната и на другата страна на границата, преку реката Сава во Хрватска.
Рафинеријата Брод е во мнозинска сопственост на државната руска нафтена компанија Зарубежнефт, која може да обработи 1,2 милиони тони сурова нафта годишно.