Осомничениот за убиството на бугарската новинарка, на слобода

бугарската новинарка Викторија Маринова

Бугарските власти ќе го ослободат човекот уапсен вчера во врска со убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова и нема да бидат изречени обвиненија против него. Овој човек, чие име не е објавено, ќе биде пуштен „наскоро“, изјави шефот на полицијата во градот Русе Теодор Атанасов. Во саботата беше пронајдено тело на новинарката која известувала за можна корупција во бугарската влада. 30 годшната Маринова била силувана и задавена и пронајдена во близина на реката Дунав. Минатиот месец таа беше домаќин на шоуто, во кое беа вклучени двајца истражувачки новинари кои беа приведени поради нивната стражувачка работа за евентуално отуѓување на средства од европските фондови.