Во понеделник почнува пратеничката расправа за уставните измени

Илустрација. Седница во Собрание

Претседателот на Собранието Талат Џафери за во понеделник ја закажа седницата на која на дневен ред ќе биде Предлогот за пристапување кон уставни измени, а се очекува утре да биде свикана и Комисијата за уставни прашања на која би почнал претресот по предлогот.

Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени може да расправа 10 дена, а пратениците може да говорат повеќепати, но не подолго од 20 минути. Извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница. Спикерот Џафери во интервју за Топ тема синоќа изјави дека роковите можат да бидат и пократки доколку дебатата во Комисијата се исцрпи порано.