Бугарија испитува злоупотреби на европски фондови по убиството на Маринова

Бугарија: ожалостени луѓе запалија свеќи во Русе по убиството на новинарката Викторија Маринова.

Бугарските обвинители отворија истрага за сомневањата за злоупотреба на фондовите на Европската унија, по убиството на новинарката Маринова што ја шокираше земјата и предизвика меѓународна осуда.

Ова го објави Министерството за внатрешни работи на 8 октомври, откако стотици луѓе ожалостени луѓе се собраа и запалија свеќи во главниот град Софија и во северниот град Русе каде се случија силувањето и убиството на новинарката Викторија Маринова.

Телото на 30-годишната Маринова беше најдено во парк на 6 октомври во близина на реката Дунав во Русе. Властите не објавија значителен напредок во истрагата за нејзиното убиство.

Во врска со прашањето за фондовите на ЕУ, Министерството за внатрешни работи соопшти дека обвинителите ја испитуваат Групацијата ГП, компанија која беше предмет на истражување во организацијата на Маринова.

Групацијата ГП е осомничена за наводна злоупотреба на средства на ЕУ, а Министерството соопшти дека на компанијата и се замрзнати 16 милиони долари.

Полицијата соопшти дека Маринова, која беше членка на менаџерскиот тим на приватната телевизија „ТВН“, била брутално претепана, силувана и задавена и дека истрагата е фокусирана на нејзиниот приватен и професионален живот.