Пожар и експлозии во складиште за муниција во Украина, нема повредени

Околу 10.000 лица се евакуирани поради пожар и серија експлозии во складиште за муниција во северна Украина

Околу 10.000 лица се евакуирани поради пожар и серија експлозии што се случија ова утро во складиште за муниција во северна Украина, јавија властите. Премиерот Володимир Гројсман на Твитер изјави дека ќе го посети местото на несреќата на 170 километри од Киев. Нема извештаи за жртви или повреди. Ова е шестти пожар во последните три години во складиште за оржје на украинската армија која се бори против про-руските бунтовници во источниот дел на земјата од 2014 година.