Продолжува судењето за „27 април“

Од почетокот на судeњето за насилствата во Собранието на Македонија на 27 април 2017

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. На минатото рочиште беа сослушани четворица сведоци, кои ги објаснија нивните дејствија за време на протестите пред Собранието, како и на критичниот 27 април минатата година. За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.