Гутереш изрази загриженост за исчезнатиот саудиски новинар

саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш бил „многу загрижен“ за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, како и насилствата врз други новинари. Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик изјави дека генералниот секретар бил информиран дека Истанбул го испитува случајот. Новинарот Џамал Кашоги исчезна на 2 октомври, кога заминал за саудискиот конзулат во Истанбул за да добие документи за да се ожени со неговата турска свршеничка. Саудиските власти велат дека новинарот, инаку соработник на Вашингтон пост, ја напуштил зградата, додека турските власти го тврдат спротивното. Турската полиција објави дека постои сомневање оти 59-годишниот Кашоги најверојатно бил убиен во саудискиот конзулат. Саудиските власти ги отфрлија овие наводи.