Ердоган побара докази од Саудиска Арабија за новинарот Кашоги

Џамал Кашоги

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Саудиска Арабија треба да докаже дали новинарот и писател Џамал Кашоги го напуштил конзултатот на земјата во Истанбул. Кашоги, кој е дописник на Вашингтон пост исчезна на 2 октомври по посетата на конзултатот на Саудиска Арабија каде поднесувал потребна документација за да се ожени со неговата свршеничка од Турција.

Ердоган на заедничката прес-конференција во Будимпешта со унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека има многу гласини и шпекулации во медиумите за судбината на Кашоги, но додаде дека се надева на одредени резултати што е можно поскоро. Турските власти соопштија дека Кашоги најверојатно бил убиен, но Саудиска Арабија ги негира таквите тврдења.