Најмалку 10 авганистански полицајци загинаа во напад на Талибанците

Луѓе по напад во Авганистан.

Најмалку 10 припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени во судирите со талибанците во централната провинција Вардак, објавија официјалните претставници. Тие наведуваат дека милитантите уништиле мостови на автопатите за време на нивниот напад, кој започна доцна во текот на вчерашниот ден. Владините сили го отфрлиле нападот, но битка уште е во тек, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата изјави дека напаѓачите уништиле контролни пунктови и ја запалиле зградата на владата во округот Саејд Абад. Портпаролот, Абдул Рахман Мангал, исто така, рече дека шефот на окружната полиција бил меѓу 10-те полицајци убиени во насилството. Тој додаде дека авганистанските сили спровеле контранапад за да ги спречат милитантите да се приближат до градот.

Властите соопштија дека најмалку 25 талибански бунтовници, исто така, загинаа во борбите, а засилувања се распоредени за да се врати контролата на патиштата.