Заедничката комисија за образовни прашања и историја на Македонија и на Бугарија ја заврши средбата во Скопје на која се разгледуваа наставните содржини во учебниците по предметот историја на двете земји. Една од темите кои се разгледуваа беа иможностите за заедничко чествување на настани и личности од минатото.
Првиот состанок на Заедничката комисија за историски и образовни прашања во Софија се одржа почетокот на јули. Тогаш вицепремиерката и министерка за надворешни работи во Бугарија, Екатерина Захариева, подвлече дека сега е најважно да се воспостави дух на доверба.
На денешната средба се разгледувале три периоди, праисторија, антика и среден век кои се опфатени во учебниците за историја од петто, шесто и седмо одделение.
Двете комисии ќе се сретнат уште еднаш, кон крајот на ноември во Софија . По оваа средба треба да бидат изготвени конечни препораки и насоки за содржините по историја кои се изучуваат во пето шесто и седмо одделени. Ове препораки потоа ќе биодат доставени до Владите на Македонија и Бугарија кои треба да ги уважат и применат или пак да ги отфрлат.