Во Летонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои според анкетите најмногу гласови може да добие проруската партија Хармонија. Летониј, членка на Европската унија и НАТО, има граница од 270 километри со Русија. Таа има значително етничко-руско малцинство од околу 25 отсто, наследство од речиси 50 годишната советска окупација што заврши во 1991 година, кога нацијата повторно ја обнови својата независност.
На последните избори, Хармонија, партија која главна поддршка има од етничкото руско малцинство во Летонија, освои најголем број места, но беше исклучена од власта, кога другите партии одбија да ја вклучат во каков било договор поради нејзините врски со Русија.
Меѓутоа, популистичката партија КПВ Л.В. и нејзиниот лидер Артис Каијнс, чија популарност се искачи поради критиките против корпцијата на политичари, испрати мешани пораки за тоа дали тој исто така ќе го отфрли таквиот договор. "Ние сме на раскрсницата. Или ќе формираме нова влада или не", рече премиерот Марис Кучинскис од партијата Унија на зелените и земјоделците.