Заев: ќе одиме на избори доколку опозицијата ја спречува иднината на земјата

Архива: Премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев изјави дека ќе сторат се што е потребно да го обезбедат потребното мнозинство во Парламентот за уставните измени, наведувајќи дека доколку опозицијата „се обидува да ја спречи иднината на Македонија“ кон ЕУ и НАТО, ќе мора да се оди на избори, рече Заев во интервју за „БХТВ1.“

Во однос на формулацијата на референдумското прашање и дали тоа било причината за малата излезност на 30 септември, Заев вели дека прашањето било така поставено бидејќи без Договорот со Грција не е можен влез во ЕУ и НАТО.

„Сите сме за ЕУ и НАТО, но исто така сите знаеме дека без Договорот со Грција нема ЕУ и НАТО. Затоа ова е единственото можно прашање. Договорот со Грција е направен за да го продолжиме нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Едно без друго не може“, вели Заев.