Доделена Нобеловата награда за мир

Заедничка фотографија на гинекологот Денис Муквеге и Надја Мурад.

Гинекологот од Конго, доктор Денис Муквеге, кој специјализираше во третманот на жени кои биле групно силувани од бунтовничките сили во Конго, како и жртвата на силување од населението Јазиди, Надја Мурад, се добитници на Нобеловата награда за мир во 2018 година „за нивните напори да се стави крај на употребата на сексуалното насилство како оружје за војна и вооружени конфликти.

Муквеге голем дел од својата работа ја посветил помагајќи им на жртвите на групно силување од страна на бунтовничките сили во Демократска Република Конго, лекувајќи илјадници пациенти.

Мурад, една од околу 3.000 девојчиња и жени од населението Јазиди кои се жртви на силување и други злоупотреби на милитантната група Исламска држава во Ирак, зборуваше против извршените злоупотреби.

Мурад „покажа невообичаена храброст во раскажувањето на сопствените страдања“ како жртва на силување и други злоупотреби извршени од страна на ИД, а Муквеге е „најистакнатиот обединувачки национален и интернационален симбол за ставање крај на сексуалното насилство и војните и вооружените конфликти.“

Муквеге и Мурад беа избрани од листата од 331 номинирани кандидати.