Украинскиот режисер Сенцов го запре штрајкот со глад

Украина: луѓе држат постер за поддршка на украинскиот режисер Сенцов.

Украинскиот режисер Олег Сенцов, кој беше затворен во Русија по обвиненија за тероризам, по околу пет месеци го прекина штрајкот со глад, изјави заменик директорот на рускиот затворски систем (ФСИН).

Валериј Максименко денеска изјави дека Сенцов се согласил да почне да јаде и московските експерти за диета за него подготвиле специјална диета да му помогне постепено да почне со нормална исхрана.

Сенцов кој се спротивстави на преземањето на украинскиот Полуостров во 2014 година, отслужува 20-годиншна затворска казна откако беше осуден за тероризам, во судење кое тој и групите за човекови права, како и западните влади велат дека е политички мотивирано.

Сенцов на 14 мај започна со штрајк со глад, барајќи Русија да ослободи 64 колеги Украинци за кои смета дека се политички затвореници. Сенцов одби помилување од рускиот претседател Владимир Путин, одржувајќи ја својата невиност.