Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница, на која се очекува да бидат потврдени одлуките од вчерашниот состанок на Извршниот комитет на најголемата опозициска партија. Централниот комитет е највисокиот одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса.
ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот состанок на ИК постави три барања - техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот.
На состанокот беше истакнато дека партијата не го признава резултатот од референдумот, а Договорот од Преспа го смета за политички мртов и празно слово на хартија.
На седницата бил разрешен Петар Богојески од функцијата заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој е дел од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.