ИК на ВМРО-ДПМНЕ го прогласи референдумот за фалсификат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе одлука референдумот да го прогласи за неуспешен, поради бројни нерегуларностикои како што соопштија се однесуваат на обиди за поткуп, полнење гласачки кутии, влијание врз гласачи и сл. Потпретседателот на партијата Александар Николоски изјави дека референдумот е целосен фалсификат, а резултатите од него не ги признаваат.

“Извршниот комитет заклучи дека Договорот од Преспа е политички мртов и е празно слово на хартиja, изјави Николоски.

Тој и порача на власта да престане да ги брка од работа оние кои не излегле да гласаат на рефрендумот и побара да се почитува законот за јавна администрација.

На состанокот на овој партиски орган меѓудругото, биле прифатени и предлозите на лидерот на партијата Христијан Мицкоски кои се однесуваат на формирање на анкетна комисија која ќе ги истражи случувањата околу референдумот чиј предлог веќе е доставен во собранието, потоа барање за разрешување на државниот јавен обвинител и избор на нов, и почитување на законот за избори, односно формирање на Пржинска влада во трање од 100 дена, што како што наведуваат, би бил предуслов за фер и демократски предвремени избори.

Николовски посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена и обединета околу овие одлуки,истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се бори и ќе се избори за зачувување на името на Република Македонија.

Состанокот на ИК е во тек.