Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доставија предлог за основање Анкетна комисија за референдумот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дел од пратеничката група

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието достави предлог на одлука за основање на Анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување на 30-ти септември. Според предлогот, анкетната комисија ќе се состои од 16 члена, од кои осум се членови на парламентарното мнозинство, а другите осум вклучително и претседателот на комисијата, од опозицијата. Анкетната комисија одлуките ќе ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.Врз основа на наодите, комисијата ќе изготви и на собранието ќе му поднесе извештај во рок од 40 дена од денот на нејзиното конституирање.