Хоспитализирано украинско семејство со симптоми на антракс

Антракс.

Петмина членови на едно семејство во јужниот украински регион Одеса се хоспитализирани со симптоми на антракс по колење на добиток, соопшти Министерството за здравство во кое се наведува дека еден од пациентите досега бил позитивен на антракс.

Во соопштението се вели дека формата на антраксот не била пулмонална, што значи дека била засегната само кожата на пациентот и возможно е лекување со антибиотици.

Тестовите исто така покажале спори на антракс во месото од закланото животно и на местото каде е убиено во селото Минејавска.

Селото е под 15-дневен карантин, а добитокот и жителите ќе бидат темелно проверени од страна на медицински и санитарни експерти.