Од владејачката СДСМ преку соопштение оценуваат дека “eдинствената политичка мисија на Ѓорѓе Иванов е загрозување на иднината, да прави штета врз врвните национални и државни интереси, бранејќи го по секоја цена криминалот на ВМРО-ДПМНЕ”. Партиската реакција следува по обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов во кое тој рече дека референдумот не е успешен и дека време е за одговорност пред македонскиот народ
“Иванов, последниот остаток од режимот на ВМРО-ДПМНЕ е лице кое што сака Македонија да не успее, лице кое сака Македонија да остане во изолација. Иванов воопшто не се грижи за иднината на државата и нејзините граѓани, тој цврсто стои на страната на темното минато на изолација, уназадување и неизвесност” наведуваат од партијата.
Според СДСМ волјата на мнозинството е конечна и таа мора да биде почитувана од сите, вклучително и од Иванов.