Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска рече дека ситуацијата во Македонија треба да остане во полето на легалноста, пренесува Интерфакс.
Москва внимателно го следи референдумскиот процес во Македонија, рече портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
“Ние веруваме дека без дилема, сите процеси треба да останат во полето на легалноста. Внимателно следиме што се случува таму” рече Песков.
Тој ова го кажа во одговор на новинарско прашање како официјална Москва гледа на резултатите од референдумот во Македонија на кој граѓаните се изјаснуваа на прашањето “Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”.