Словенечките полицајци штрајкуваат со пишување помали казни

Полицајците во Словенија од денеска штрајкуваат со пишување мали казни за прекршоци што не загрозуваат јавна безбедност, бидјеќи Владата не ги исполнува нивните барања за зголемување плати и подобрување на условите за работа.

Протестот е наречен „бел штрајк“ и според полицискиот синдикат тој потег нема да ја загрози безбедноста на државните граници.

За време на штрајкот полицијата ќе интервенира за потребите на државата и граѓаните.

Според словенечки медиуми, со помалите казни полицајците намалуваат приходи во државниот буџет. Новиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар најави дека е подготвен да разговара со претставници на полицискиот синдикат за нивните барања.