Ванхауте – Решението со Грција сè уште е можно

Белгискиот олеснувач за излез од политичката криза Питер Ванхауте на 16 јануари 2016

Поранешниот посредник на ЕУ за решавање на политичката криза во Македонија, Петер Ванхауте, им честиташе на многуте граѓани кои го поддржуваат Преспанскиот договор и европската иднина и ја повика владата да не поднесува оставка, туку да продолжи со работата и со решавањето на проблемите во земјава, затоа што, како што пишува во пораката на Фејсбук, тоа е нејзина „проклета должност“. Тој рече дека нема цензус за референдумот, но оти владата од 2016 година не направила сериозни напори за прочистување на избирачкиот список.

„Работете на подобрување на економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, образованието, и не заборавајте: една загубена битка не значи дека сè е загубено. Да, прифатливо решение со Грција е можно, врз основа на компромисот постигнат со Грција, и тоа сè уште е на дофат, иако можеби ќе треба да се преиспита процесот и како да се финализира без одложување. Напред“, напиша Ванхауте на Фејсбук.