Три момчиња загинаа од експлозија на мина во источна Украина

Украински војници во близина на градот Хорливка во регионот Доњецк.

Тројца ученици се пријавени дека се загинати, а еден е повреден во експлозија на мина во град контролиран од сепаратистите во источна Украина.

Сепаратистичките лидери во регионот Доњецк изјавија дека експлозијата се случила на 30 септември во индустрискиот град Хорливка, 30 километри северно од градот Доњецк.

Во областа беа забележани тешки борби меѓу сепаратистите поддржани од Русија и украинските владини сили.

Градоначалникот на Хорливка Иван Приходко на социјалните медиуми напиша дека загинатите момчиња се на возраст меѓу 13 и 15 години. Четвртото момче на возраст од 10 години било повредено во експлозијата и било пренесено во болница од повреди од шрапнели, напиша тој.

Претходно Приходко за АФП изјави дека групата отишла на прошетка, додавајќи дека „пронашле напуштена куќа и барале авантура.“

„Постојано се соочуваме со проблемот со мините и милам дека тоа е нешто што ќе продолжи некое време“, додаде Приходко.