Излезноста до 18:30 била 34,09 отсто

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски

Излезноста на референдумот до 18:30 часот била 34,09 проценти, по обработени податоци од 85 отсто од гласачките места, информира претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Излезност од над 50 отсто има во општините Липково и во Сарај, каде што на гласање излегле над 67 отсто од граѓаните.

„Генерална оценка од ДИК е дека денот помина добро, атмосферата, тука, а и надвор во целата држава, беше многу добра, со исклучок на одредени инциденти кои се појавија во попладневните часови“, рече Дерковски.

Тој рече дека инцидентите биле брзо решени.