Повеќе од 830 загинати во земјотресот и цунамито во Индонезија

Индонезија: спасувачки екипи евакуираат тело на плажата Талис.

Најмалку 832 луѓе загинаа во земјотрес и цунами во индонезискиот остров Сулавеси, според националната агенција за катастрофи.

Заменикот претседател Јусиф Кала денеска изјави дека конечниот број на загинати можно е да биде „илјадници“, бидејќи многу региони се уште не се пребарани.

Портпаролот на Националната агенција за ублажување на катастрофи Пуро Нугрохо соопшти дека и натаму е ограничен пристапот до многу области на островот погодени од катастрофата.

Нугрохо рече дека има многу пријави дека луѓе се заглавени во урнатините од зградите кои се урнаа во земјотресот на 28 септември, веднаш зад крајбрежјето на градот Палу.

По земјотресот со јачина од 7,5 степени следуваше цунами со бранови високи 6 ипол метри кои го погодија градот со 350 илјади жители, додаде тој.