Како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК), до 15 часот правото на глас на референдумот го искористиле 334 илјади и 75 граѓани, или 22,56 насто.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски на прес конференцијата изјави дека денот минува во демократска атмосфера и оти бројот на инциденти е минорен.