Во Тетово најактивни, во Желино најпасивни во регионот

До 13 часот од 83.191 граѓанин со право на глас во рамки на општина Тетово по референдумското прашање се изјасниле 16,79 % или 13.949 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија. Шест часа по почетокот на гласањето општина Тетово во регионот бележи најголема излезност на граѓаните.

По Тетово, следи општина Теарце каде гласале 15,20% од 22.054 гласачи. Процент од 11,97 од 10. 200 жители бележи општина Јегуновце. До 13 часот во Боговиње гласале 13,61% од избирачите. Во Брвеница 12,09%, додека во општина Желино има најмалку излезност од само 10,77 %.