На гласачките места во Битола утрово имаше слаба раздвиженост, а претежно на гласање без излезени пензионери. Дел од нив велат дека редно е денот да мине без проблеми и граѓаните да го искажат својот став, а други пак, не сакаа да зборуваат во јавноста за очекувањата.
Инаку, во општина Битола и пелагониските општини Новаци, Могила и Демир Хисар гласањето тече без проблеми. Од Општинските изборни комисии изјавија дека утрово сите гласачки места на време беа отворени и до сега не се забележани никакви проблеми.
„Точно во 7 часот сите 170 избирачки места во Општина Битола беа отворени и засега процесот се одвива нормално и без никакви проблеми. Општина Битола има 82 131 гласач, од кои 71 гласач затвореници и 26 болни кои вчера го остварија своето гласачко право“, рече Ѓуро Илиќ, претседател на ОИК во Битола.