Силен ветер и обилни врнежи од дожд носи медитеранскиот циклон кој во Грција го доби името „Зорбас“ и зафати големи делови од земјата.
Од Јонското Море се движи кон полуостровот Пелопонез, а според прогнозите, ќе продолжи кон островот Крит, континентална Грција и областа Атика.
Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, утрово рече дека тие ја следат ситуацијата со невремето и ќе има континуирано известување, а паралелно ги повтори мерките до граѓаните за заштита од невремето и силниот ветер.
Водениот сообраќај во Грција се одвива со проблеми со оглед на тоа дека на атинските пристаништа има забрана за пловидба за голем број на бродови.