Временска прогноза - Умерено облачно со услови за локален дожд

Илустрација: Скопје

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне. Температурата ќе се движи од 22 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува пет.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со умерен до засилен северен ветер и температура до 24 степени.

Подрачјето на Македонија ќе се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.