Словачкиот државен обвинител обвини тројца осомничени за убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница во февруари, соопшти денеска портпаролот на обвинителството.
Тројцата осомничени беа уапсени при рација во куќа на 27 септември. Петмина други уапсени во истата рација беа ослободени. Јан Куцијак беше најден убиен заедно со неговата свршеница Мартина Куснирова во нивниот дом во близина на главниот град Братислава. Двајцата имаа по 27 години.
Властите велат оти веруваат дека убиствата се поврзани со работата на Куцијак. Новинарот истражуваше политичка корупција за време на убиствата кои предизвикаа најголеми протест во земјата по падот на комунизмот во 1989 година и политичката криза која доведе до пад на поранешниот премиер Роберт Фицо.