Бучковски: Договорот е единствено решение за отворање на вратата на ЕУ

Архива: Владо Бучковски.

Референдумот за името е историски момент за Македонија насочен кон изборот за приклучување кон ЕУ, изјави поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски за бугарската телевизија „Блумберг ТВ.“

„За жал договорот со Грција беше единственото можно решение за да ја отвориме вратата на ЕУ. Јасно е дека над 700 илјади граѓани на Македонија ќе гласаат „за“, но засега не се знае дали ќе се обединат оние кои се против“, вели Бучковски.

Тој рече дека во моментов во Македонија има од 1.300.000 до 1.350.000 гласачи, наведувајќи дека 250.000 до 300.000 гласачи се неопределени кои според него не веруваат во политичарите и соодветно на тоа веројатно и не гласале на последните избори.

„Верувам дека моменталната кампања ќе им даде поттик да излезат на гласање“, изјави Бучковски.