Трамп очекува средба со Ким набрзо

Доналд Трамп и Ким Џонг-Ун

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун веројатно ќе се случи "многу брзо".

Трамп кој ќе присуствува на Генералното собрание на ОН, по втор пат откако ја презеде функцијата, изјави дека односите со Северна Кореја чиј лидер минатата година го нарече "малиот човек ракета" се поправиле.

"Тоа беше сосема поинаков свет. Тоа беше опасно време. Сега, една година подоцна, времињата се поразлични", изјави Трамп додавајќи дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ги прави деталите за вториот состанок Трамп-Ким.

Ким Џонг Ун побара уште еден состанок со Трамп во писмото испратено овој месец, а неговиот американски колега го прифати предлогот. Трамп и Ким го одржаа својот прв историски состанок во Сингапур во јуни. Трамп денеска ќе се сретне со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин, на разговори околу Северна Кореја и трговијата.