Димитров: цврсти гаранции за приемот на Македонија во НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Патот кон ЕУ и НАТО води преку Договорот со Грција и таква е реалноста, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешна прес-конференција, наведувајќи дека сите лидери, вклучително генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и германската канцеларка Ангела Меркел укажале дека за земјата нема план Б.

Димитров рече дека многу се цврсти гаранциите за приемот на Македонија во НАТО, бидејќи, како што наведе, договорот не може да влезе во сила ако Грција во Парламентот не ги ратификува протоколите за членство на Македонија во Алијансата.

„Ако не се случи тоа, договорот нема да стапи во сила“, истакна Димитров. Тој денска ги појаснуваше сите аспекти од договорот бидејќи увидел дека околу него има многу дезинформации.