Милитантната организација Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот на воена парада во Иран. Во нападот загинаа најмалку 29 луѓе, меѓу нив жени деца кои ја следеле парадата.
Претходно официјален Техеран ги обвини земјите во регионот кои се сојузници на САД за нападот.
Иранскиот претседател Хасан Рохани вели дека Иран жестоко ќе одговори на секоја закана.
Тој вели дека мора да одговараат оние кои даваат разузнавачка и пропагандна поддршка на овие терористи.