Харадинај - Помирување со Србија треба да има, но без корекција на границата

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај.

Во дијалогот меѓу Приштина и Белград за конечен договор меѓу двете земји, не смее да се отвори каква било дебата за корекција на границите, изјави премиерот на Косово Рамуш Харадинај.

Тој вели дека прв услов за постигнување договор треба да биде извинување од страна на Србија за злосторствата извршени врз косовското население, а тоа би резултирало со признавање на независноста на Косово од страна на Белград.

Косовскиот премиер во синоќешното интервју за ТВ21, порача дека нема да учествува во никаков процес во кој се говори за поделба на Косово.

„Мојот став е јасен: не дозволувам, не прифаќам, не поддржувам и не учествувам во ниеден процес со кој се допираат границите на мојата земја“, изјави Харадинај.

тој сепак вели дека дијалогот со Србија треба да продолжи и помирување меѓу двете земји мора да се постигне.