Макрон е „за“ Договорот и смета на граѓаните на Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон преку видео порака до македонскиот народ, вели дека Договорот со Грција овозможува иднина за земјата и оти верува во мудроста на граѓаните.

„Јас не можам да се ставам на Вашето место, зашто вие гласате независно во оваа политичка дебата која е важна за земјата. Вие треба да изберете и да се одлучите дали сте за промена на Уставот или не, за Спогодбата да стане важечка. Да станете Северна Македонија, согласно Спогодбата. Јас одлучно сум ЗА и цврсто верувам дека овој договор е добар! За Вас, за целиот регион и за Европа. Сметам на Вас“, вели францускиот претседател Емануел Макрон во видео пораката што ја упати до македонските граѓани во пресрет на референдумот.

Тој вели дека Договорот потпишан на 17 јуни годинава меѓу Македонија и Грција е голем исчекор, направен, како што вели со, храброста на лидерите на двете земји. Понатаму, вели Макрон, дека ниту еден договор не е совршен, и дека за едната страна тој не е доволно долгорочен, а за другите дека поинаку би го испреговарале.

Францускиот претседател вели потполно и силно го поддржува Договорот од Преспа.