Британската премиерка Тереза Меј порача дека Европската унија мора да пронајде алтернатива на нејзините предлози за Брегзитот предупредувајќи дека никогаш нема да се согласи на растурање на Обединетото Кралство.
"Јас нема да ги менувам резултатите од референдумот, ниту ќе ја растурам својата земја. Потребно ни е сериозно ангажирање за да се решат двата главни проблеми во преговорите и ние сме спремни", рече Меј.
Ден откако лидерите на ЕУ ги отфрлија клучните делови од нејзиниот предлог за Брегзит таа оцени и дека преговорите се во ќорсокак.