Повеќе од 100 загинати откако потона траект во Танзанија

Спасувачки екипи на местото каде потона тракт во езерото Викторија во Танзанија. 21.09.2018.

Државните медиуми во Танзанија објавуваат дека повеќе од 100 луѓе се загинат при несреќа на траект на Езерото Викторија.

Џон Монгела, гувернер на регионот Мванза во Танзанија, денеска изјави дека најмалку 37 преживеани биле спасени откако траектот се превртел во езерото кое е опкружено од Танзанија, Кенија и Уганда.

Телата на повеќе од 100 жртви беа пронајдени денеска пред пладне, а се смета дека дополнително десетици луѓе се исчезнати, додека потрагата по нив продолжува.

Првичните проценки укажуваат дека бродот носел повеќе од 300 луѓе, но точниот број на патници се уште не е јасен. Таквите бродови често се преполни и носат стотици луѓе.

Властите велат дека траектот потонал неколку метри од пристаништето во близина на островот Укара во областа Укереве.