Најмалку 15 загинати во судир на автобус и камион во Авганистан

Илустративна фотографија.

Властите во западниот дел на Авганистан соопштија дека најмалку 15 луѓе, вклучително три жени и две деца, се убиени денска кога автобус удрил во камион на авганистанскиот автопат 1, на клучката која го поврзува градот Херат со Кабул.

Најмалку 30 други лица се повредени во несреќата во областа Позак во западната провинција Фарах, велат официјалните лица.

Насир Махри, портпаролот на гувернерот на провинцијата Фарах, за РСЕ изјави дека автобусот патувал од провинцијата Харат во Кандахар кога се случила несреќата.

Насир Мехри, портпарол на провинцискиот шеф на полицијата, вели дека возачот на автобусот возел премногу брзо за време на несреќата.