Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и топло, од пладневните часови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. Дневната температура ќе се движи од 25 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време со температура до 30 степени.