Поглаварот на Католичката црква на Косово, Дон Љуш Ѓерѓи се спротивстави на идејата за корекции на границата меѓу Косово и Србија, за што се залагаат претседателите на двете земји, Хашим Тачи и Александар Вучиќ како конечно решение на меѓусебните спорови.
Тој изјави дека Србите и Албанците треба да ја прифатат актуелната ситуација во двете земји, бидејќи, според него, ако се допрат границите ќе биде предизвикана верижна реакција во целиот регион на Балканот. Косовските Срби, како што наведе, треба да уживаат поголема автономија, додека Албанците кои живеат во Србија треба да ги уживаат истите права како и Србите кои живеат во Косово.