Порошенко: постои ризик од олеснување на санкциите кон Русија

Обраќање во Парламентот на украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека постои ризик од олеснување на меѓународните санкции наметнати кон Русија. Во неговото годишно обраќање пред Парламентот за домашната и надворешната политика на Украина, Порошенко денеска предупреди правењето отстапки кон Русија пред да го и го врати на Украина Полуостровот Крим, ќе биде пораз за меѓународното право.

„Ние постојано ќе се спротивставуваме на обидите да се притисокот со санкциите кон Русија“, рече Порошенко.

ЕУ, САД и други земји наметнаа санкции кон Русија, откако го презема Полуостровот Крим во март 2014 година, како и за нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина. Во борбите меѓу сепаратистите и владините украински сили загинаа над 10.300 лица од април 2014 година.