Пакистанскиот премиер Кан се сретна со лидерите на Саудиска Арабија и ОАЕ

Архива: пакистанскиот премиер Имран Кан.

Новиот пакистански премиер Имран Кан ги посети Обединетите Арапски Емирати по престојот во Саудиска Арабија на неговото прво официјално патување, соопштуваат официјални претставници.

Кан пристигна во Обединетите Арапски Емирати доцна на 19 септември и беше пречекан во Абу Даби од шеикот Мухамед бин Зајед ал-Нахјан.

Претходно, Кан го посети пристанишниот саудиски град Јида, каде се сретна со саудискиот крал Салман и принцот Мухамед бин Салман.

Саудиската новинска агенција објави неколку детали: „тие ги разгледаа историските односи меѓу двете братски држави и начините за нивно подобрување.“

Канцеларијата на Кан соопшти дека лидерите размениле идеи за подобрување на соработката во политички, одбранбени, економски, културни и други сектори.