Жбогар: Сакаме да ја видиме вашата земја како полноправен член во ЕУ

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар

“Многу скоро граѓаните ќе решат за патот на нивната иднина и нивните идни односи со Европската унија. Има многу емоции во оваа одлука и разбираме дека одлуката не е лесна, но убедени сме дека граѓаните ќе одлучат правилно и ќе ја почитуваме таа одлука,” изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар на 15-титот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ и Република Македонија.

Тој посочи дека добрососедските односи се еден од принципите на ЕУ и затоа, како што наведе Жбогар, ги поздравуваме договорите кои што ги потпишавте со Бугарија и со Грција. Жбогар додаде дека Унијата е голем поддржувач на реформските заложби на Владата особено во областа на владеењето на правото, посочувајќи дека ќе продолжат да потсетуваат на потребата за реформи и дека ќе укажат помош во однос на спроведувањето на некои клучни реформи во земјата.