Авион МиГ-31 се урна во Русија, пилотите спасени

Илустрација: авион-ловец МиГ 31

Руски авион-ловец од типот МиГ-31 се урнал денеска во близина на градот Нижни Новгород. Двајцата пилоти се катапултирале и го преживеале инцидентот. Леталото паднало во шума и не предизвикало жртви или штета на земјата.