Мета-Милард: Позитивниот референдум од големо значење за иднината на регионот

Претседателот на Албанија Илир Мета

Албанскиот претседател Илир Мета и заменик-помошникот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард на денешната средба во Тирана, покрај другото разговарале и за референдумот во Македонија. Заеднички став на двајцата соговорници е дека позитивниот резултат на референдумот е од големо значење за европската иднина не само за Македонија туку и за целиот регион, јавува МИА.

Мета ја запознал високата гостинка со ставот дека Албанија ги повикала Албанците во Македонија да излезат и да гласаат „за“ на референдумот и додал дека посакува први октомври да отвори нова перспектива во евроатланската интеграција на Македонија.