Уставниот суд расправа за уставноста на референдумот

Седница на Уставен суд на која се расправа за уставноста на референдумот.

Судијата известител Елена Гошева ја оцени иницијативата како основана оспорувајќи го формулираното референдумско прашање и формата на референдумот. Таа оцени дека Договорот од Преспа е ништовен поради тоа што министерот за надворешни работи немал правни овластувања за таков тип договори.

За разлика од неа, уставните судии Дарко Костадиновски, Осман Кадриу, Вангелина Маркудова, Насер Ајдари и Сали Мурати се изјасниле дека не се за поведување иницијатива, сметајќи дека не се прекршени Законот и Уставот за референдум.

Седницата уште е во тек и на неа се присутни Димитар Апасиев од Левица и Тодор Петров од СМК како подносители на иницијативите.